Дома Фудбал Лига на шампиони На „Чизмата“ воодушевени: Очите на фудбалска Европа во следните 48 часа се свртени кон – Италија!

На „Чизмата“ воодушевени: Очите на фудбалска Европа во следните 48 часа се свртени кон – Италија!

mesi neymar mbape ronaldo

На „Чизмата“ се воодушевени…

Во Италија повторно се игра најдобриот фудбал!


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лигата на шампионите утре и во среда се враќа на сцена, а на Апенините со нетрпение ги чекаат своите претставници.

Не само поради тимовите за кои навиваат, туку за тоа што ќе имаат единствена прилика во 48 часа да ги видат според многумина најдобрите четири фудбалери на денешницата.

Барселона утре му гостува на Интер, прашање е дали Меси ќе настапи, но допатува со екипата, па може да се најде и на теренот.

Наполи во истиот термин на „Сан Паоло“ ќе го пречека Пари Сен Жермен кој ќе биде предводен од Нејмар и Килијан Мбапе, најдобриот млад фудбалер во светот.

Во среда Јувентус игра против Јунајтед во Торино и тоа ќе биде уште една прилика Роналдо да игра против клубот во кој за прв пат се прослави во Европа.

Меси, Роналдо, Нејмар Мбапе – сите во следните два дена ќе истрчаат на терените ширум Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…