Дома Фудбал Останато „На фудбалерите им е полесно со жените? Да, па погледнете ме колку сум грд“

„На фудбалерите им е полесно со жените? Да, па погледнете ме колку сум грд“

Џорџо Киелини со години беше еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Со години овој 38-годишен дефанзивец го носеше дресот на Јувентус. Таму стана вистинска легенда и со својата пожртвуваност ги освои срцата на навивачите. Откако му истече договорот со „старата дама“ Киелини се одлучи за трансфер во САД.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во МЛС лигата потпиша договор со Лос Анџелес ФК и последните денови од кариерата ги поминува во овој клуб. Киелини е познат и како човек кој знае да се шегува, тоа го потврди и во една емисија во која гостуваше.

Една од темите беше популарноста на фудбалерите, па така тој самиот себе се постави како пример со што ја насмеа јавноста.

„Фудбалерите полесно можат да ги однесат жените во кревет? Да, па погледнете ме мене, грд сум како „лопов““, низ насмевка порача Киелини.

Киелини од 2014 година е во брак со Каролина Бонистали и со неа има две ќерки, Нина и Оливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…