Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини (36) ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според најголем дел од италијанските медиуми, 36 годишниот дефанзивец одлучил да се повлече на крајот од оваа сезона и наскоро и официјално ќе соопшти дека заминува во фудбалска пензија.
Киелини по крајот на кариерата ќе добие место во раководството на Јувентус и така ќе продолжи да биде дел од клубот во кој дојде во 2005 година.
Кариерата Киелини ја започна во Ливорно. Беше член на Рома и Фиорентина, а во Јувентус дојде во 2005 година. Во тој долг период израсна во вистинска легенда на клубот. Вкупно одигра 525 натпревари и постигна 36 голови.