Дома Фудбал Останато Големиот борец Џорџо Киелини става крај на фудбалската кариера

Големиот борец Џорџо Киелини става крај на фудбалската кариера

Легендарниот Џорџо Киелини денеска ќе објави кра на кариерата долга повеќе од 20 години.

Искусниот 39-годишен дефанзивец најдобрите денови ги помина во редовите на Јувентус, а откако си замина од Торино продолжи во МЛС лигата во дресот на Лос Анџелес.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По поразот на неговиот тим во финалето на МЛС најави дека се уште нема донесено одлука дали ќе продолжи да игра фудбал. Денес новинарот Ромео Агрести кој секогаш има сигурни информации кога во прашање е Јувентус и фудбалерите блиски до овој клуб потврди дека Киелини ќе му каже „збогум“ на фудбалот.

Во кариерата Киелини одигра 561 натпревар за Јувентус и постигна 26 гола. Успеа да освои девет шампионски титули, пет трофеи во Купот на Италија и во Суперкупот на Италија. Лигата на шампионите не ја освои, но играше две финалиња. На репрезентативен план најголемиот успех го постигна во 2020 година кога како капитен го предводеше националниот тим до трофејот на Европското првенство.

Киелини наводно веќе има понуда да стане дел добие директорска позиција во Јувентус, но од МЛС лигата каде што би работел на промоција на фудбалот во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …