Легендарниот Џорџо Киелини се враќа во Јувентус и на оваа тема се пишува прилично многу овие денови во италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најавите се дека Киелини во следните неколку недели би требало да се врати во Јувентус, но засега не е познато на која позиција.
Киелини по заминувањето остана во добар однос со Јувентус, а исто така и со Тијаго Мота со кого играа заедно во италијанската репрезентација. Мота се очекува во секој момент да биде потврден за нов тренер на „старата дама“.
Засега Јувентус и Киелини преговараат, а во наредниот период ќе биде познато дали ќе остварат соработка.