На турнир во бразилска џиу џица македонската репрезентација се пласираше на 3 место, a 14 медали освоија членовите на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода
Македонската реперезентација во бразилска џиу – џица во Швајцарија на престижниот силен меѓународен турнир во бразилска џиу џица „ABU DHABI PRO ZURICH 2019“ направија голем успех.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Екипата составена од 17 натпреварувачи предводена од селекторот Ивица Алексовски освои 21 медал, додека во тимско натпреварување се пласираше на второто место во вкупна конкуренција од 63 тимови од цел свет. На ова големо натпреварување 14 медали освоија членовите на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода.
„Нашиот тим по освоени медали беше пред првопласираниот, но поради поголем број на натпреварувачи кои му донесоа повеќе победи на домашниот тим, ние мораше да се задоволиме со второто место. Како македонска репрезентација во конкуренција од 41 земја од целиот свет, го освоивме досега највисокото трето место. Задоволен сум од постигнатиот успех и се надевам дека во иднина може да имаме светски прваци во бразилска џиу џица. Благодарение на Агенцијата за млади и спорт која во континуитет ни дава поддршка, нашите членови имаат потик уште повеќе да работат за поголеми успеси на светско ниво“, изјави селекторот Ивица Алексовски.
Златни медали
Даниела Алексовска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Александар Поповиќ „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Александар Поповиќ „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Ева Илевска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Марко Петровски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Вања Милевски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Бојан Манчевски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Сребрени медали
Михаил Поповиќ „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Надежда Василевска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Бојан Манчевски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Марко Петровски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Мартин Стефановски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово“ – граплинг
Дејан Чолески „РУТС БЏЏ Охрид“ – кимоно
Марко Панчевски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Надежда Василевска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – граплинг
Бронзени медали
Михаил Поповиќ „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Ева Илиевска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ – кимоно
Никола Петрушевски „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово“ – граплинг
Андријана Цветковска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово“ – граплинг
Благоја Трајчевски „РУТС БЏЏ Охрид” – кимоно
Андријана Цветковска „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово“ – кимоно
Најуспешен македонски репрезентативец на овој престижен турнир беше Александар Поповиќ со 8 победи и освоени две златни медали. Поповиќ е член на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода.