Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ во Русија го дружат неговата сопруга Јосипа и синот Леонардо, а после победата на „Коцкестите“ против Аргентина, малиот имаше момент за паметење.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додека тато внимаваше на него, детато на терен си играше со топката, а потоа постигна и гол. Медиумите со оваа снимка веднаш почнаа да прават мезе на сметка на Лионел Меси, шегувајќи се дека „на малиот од Перишиќ му успеа тоа што не му успеа ни на Меси“.
„Меси може да сонува за ова…Еден е Лео…Играч на натпреварот“, напиша гордата Јосипа во описот на снимката која ја објави на Инстаграм.