На повидок случај „Евра-Суарез“, во шпанското првенство и тоа помеѓу играч на Барселона на Селта Виго.
Имено, денес во шпанските медиуми се пишува за наводната навреда која Иаго Аспас ја упатил кон дефанзивецот на Барселона, Јери Мина во натпреварот одигран на „Балаидос“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мина при една борба за топка му оневозможи на Аспас да стигне до истата, таа заврши во гол аут. Во тој момент напаѓачот на Селта го турнал Колумбиецот и го навредил со зборовите: „црно г**но“.
Судијата тоа не го слушна, но Аспас сепак заработи жолт картон поради бурната реакција.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на дисциплинската комисија и со какви санкции ќе со соочи шпанскиот фудбалер.