Дома Македонски спорт На пионерскиот Куп на Македонија поставени се два рекорди

На пионерскиот Куп на Македонија поставени се два рекорди

Над 130 деца беа дел од Купот на Македонија за пионери/ки кои викендов се одржа на Националната Арена „Тодор Проески” во Скопје. Учество земаа атлетичари/ки до 16 години и помлади. Ова натпреварување беше од екипен карактер.

И на овој Куп на Македонија беа поставени рекорди и тоа во две женски дисциплини. 


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Теа Алексовска (родена 2006 година) од АК Куманово постави рекорд во дисциплината фрлање на диск, оствари резултат од 38,02. 

Вториот рекорд и припадна на Јумна Фетаху (роден 2008 година) од  АК 7 мај, во фрлање на ѓуле оствари резултат од 10,47.

Севкупен победник е АК Работнички, освои 38 бодови во машка конкуренција, додека 44 бода во женска конкуренција. На второто место во двете категории се најде Лириа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…