Дома Фудбал Останато „На многу места на Бејл би му кренале споменик, а Реал не го почитува“

„На многу места на Бејл би му кренале споменик, а Реал не го почитува“

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч смета дека Герет Бејл би се вклопил во тимот на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Можам да го замислам на „Олд Трафорд“ и чувствувам дека тоа е тип во кој ментално би се вклопил и би придонел за екипата, можеби дури со него и би се бореле за трофеи. Нема многу клубови на светот кои можат да си ја дозволат неговата плата, но Јунајтед е еден од тие малку клубови. Не знам до каде стигнаа со обидите да го доведат Санчо, но и Бејл е опција можеби треба да се обидат барем да го позајмат“.

„За мене е мистерија зошто Реал така очајнички сака да се ослободи од него, не знам што лошо се случило, постигнуваше важни голови, освојуваше трофеи…Во други клубови на Бејл би му кренале споменик, а Реал не го почитува. Јасно е дека мора да најде начин да замине затоа што не игра доволно во последните месеци“, изјави Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…