Maкедонскиот напаѓач, Бојан Миовски истакна дека е среќен во Абердин и е свесен за интересот на поголемите клубови, но сепак не брза со трансферот.
Откако пристигна во Абердин, македонскиот напаѓач се промовираше во вистински миленик помеѓу навивачите, а голем број клубови покажаа интерес за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во своето последно интервју за „Дејли Мејл“, Миовски порача дека не брза да замине.
„Имам уште две ипол години од договорот со Абердин. Одлично ми е во овој клуб и не брзам да си заминам. Знам дека многу работи се пишуваат за мене, но тоа е нормално. Кога играш во добра форма и даваш голови секогаш те следат поголеми клубови од оној каде настапуваш.
Во Абердин сум веќе година ипол, среќен сум тука, веќе постигнав 33 голови за овој клуб, се надевам дека и луѓето од Абердин се среќни со мене. За мој евентуален трансфер решава и клубот“, изјави Миовски.