Дома Фудбал На Манчестер Јунајтед вакво нешто не му се случило цели 23 години

На Манчестер Јунајтед вакво нешто не му се случило цели 23 години

Maнчестер Јунајтед вчера претрпе тежок пораз на „Олд Трафорд“ од градскиот ривал Манчестер Сити во рамките од полуфиналето во Лига Купот.

Јунајтед одигра лошо прво полувреме во кое прими три гола и само благодарение на Де Геа не прими барем уште еден. Сити во вториот не напаѓаше премногу, Јунајтед постигна еден гол и ја ублажи предноста на 1:3 пред реваншот.

Се сеќавате ли кога последен пат Манчестер Јунајтед примил три гола за едно полувреме?

Такво нешто на славниот клуб му се случи пред цели 23 години кога во 1997 Миделсброу за едно полувреме три пати ја погоди мрежата на „ѓаволите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…