Дома Фудбал Репрезентации „На Македонија мора да и се честита, оваа репрезентација допрва ќе изненадува“

„На Македонија мора да и се честита, оваа репрезентација допрва ќе изненадува“

Maкедонија беше елиминирана од Португалија во финалниот натпревар во баражот за Светското првенство во Катар, но далеку од тоа дека македонските репрезентативци разочараа.

Одличен впечаток нашата репрезентација не остави само кај нас, туку и кај познатите новинари. Пофални зборови за Македонија имаше и Португалецот Карлос Мачадо кој е стручен аналитичар за УЕФА. Според него Македонија допрва ќе има успеси и ќе ги изненадува големите репрезентации.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Португалија се пласираше на Светското првенство со тешка победа против одличната Македонија. Двата гола се постигнаа од контранапади, а тоа е доказ дека Португалија тешко доаѓаше до добри прилики за гол. Македонците одлично го затворија просторот пред Димитриевски. Таква беше и изјавата на селекторот Сантош. Можеби Португалците имаа повеќе посед, но на Македонија мора да и се честита затоа што оваа репрезентација знае да игра фудбал. Maкедонија допрва ќе изненадува“, порача Мачадо.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…