Според последните најави на Европското првенство во Словачка и Унгарија кое следи во јануари би можеле да биде дозволен настап само на вакцинирани ракометари.
ИХФ и ЕХФ се пред конечна одлука за преземање дополнителни мерки за заштита од коронавирусот и сериозно се размислува за воведување за задолжително вакцинирање за големите турнири.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Да, точно е. Се размислува на Светското првенство за жени во Шпанија и Европското во машка конкуренција во Словачка и Унгарија да биде дозволен настап само на вакцинирани ракометари“, изјави претседателот на ракометната Бундеслига, Уве Шеванкер.
Ќе потсетиме и Македонија е учесник на Европското првенство кое се игра во јануари. Во деновите кои следат се очекува средба на челниците на ЕХФ и по таа средба се би било официјално познато.