Дома Фудбал На дресовите на Барселона од наредната сезона може да пишува – Шакира, Џастин Бибер…

На дресовите на Барселона од наредната сезона може да пишува – Шакира, Џастин Бибер…

Барселона во вторникот потврди дека „Спотифај“ ќе биде нов спонзор на клубот од наредната сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Соработката помеѓу Барселона и оваа шведска компанија ќе започне од 1. јули, а договорот е потпишан до летото 2025 година. Се очекува Барселона годишно да заработува околу 60 милиони евра што се пари кои и тоа како се потребни на Барселона во ваква ситуација.

Исто така одлучено е и Барселона да го промени името на стадионот, тој од 1. јули ќе го носи името „Спотифај Камп Ноу“.

На предната страна очекувано ќе го пишува името на компанијата, но „Спотифај“ се одлучи и на еден по малку изненадувачки потег. Имено, компанијата одлучила во соработката со Барселона да промовира различни уметници од светот на музиката.

Така во текот на соработката на дресовите на Барселона може да се менуваат разни имиња на музички пејачи и групи. Слична соработка своевремено имаше Атлетико Мадрид кога соработуваше филмското студио „Universal“ кое на дресовите на Атлетико ги рекламираше своите филмови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот повреден, дали ова е крајот со Реал Мадрид, а и потврда дека нема да настапи на СП?

Дани Карвахал заработи повреда на стапалото поради што мора повторно да паузира и се поста…