Со победата против Шефилд (2:0) фудбалерите на Ливерпул ја продолжија низата на непобедливост во Премиер лигата на 37 натпревари и тоа е трета најуспешна низа во ова натпреварување.
Пред Ливрпул се само Челзи со 40 и рекордерот Арсенал со 49 натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул последен пат изгуби на 3. јануари минатата година од Манчестер Сити и од тогаш во Премиер лигата никој не се радувал против машинеријата на Клоп.
Шампионот на Европа и светот убедливо е прв после 21 коло во Премиер лигата со 13 бодови повеќе од второпласираниот Лестер и натпревар помалку. Ливерпул сигурно чекори кон титулата на која чека 30 години.
Можат ли до неа без пораз како славната генерација на Арсенал?