Дома Трансфер зона Најталентираниот стопер на денешницата го понижил Манчестер Јунајтед

Најталентираниот стопер на денешницата го понижил Манчестер Јунајтед

Англичаните на големо пишуваат дека Холанѓанецот лесно го одбил гигантот од „Олд Трафорд“, а со самото тоа и можноста да стане најплатениот тинејџер во светот.

Не е баш прикалдно да се каже дека Манчестер Јунајтед го допре дното, но дека сериозно удри во ѕид и повторно се лизга кон дното, тоа би било сосема во ред. Медиумите во Англија немаат милост и на големо се пренесува информација со наслов: Матијас Де Лихт го понижил Манчестер Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Манчестер Јунајтед во процесот на реконструкција на последната линија сакал да го доведе 19 годишниот стопер на Ајакс, Матијас Де Лихт. Сепак, Де Лихт кратко порачал: Не ме интересира!

Се наведува и дека ова се случило пред Јунајтед да ги изгуби шансите за место во Лигата на шампионите, што секако дополнително удира на суетата на славниот клуб.

Де Лихт сметал дека Манчестер Јунајтед не е тоа што бил некогаш и сака да игра во подобар клуб со реални шанси за борба на сите полиња.

Матијас Де Лихт има само 19 години и со настапите за Ајакс привлече големо внимание пред се од богатите клубови ширум Европа.
Манчестер Јунајтед прв отпандал и тоа како од шега.

Што понудил Јунајтед? Оштета за Ајакс од 70.2 милиони евра и плата за Де Лихт од 15.2 милиони евра!?

Доколку го прифател тоа Де Лихт ќе станеше најплатен тинејџер во светот.

„Матијас Де Лихт наскоро ќе стане најдобар дефанзивев во светот. Тоа сите го знаат. Има можност да избере во кој клуб да настапува. Во овој момент нема интерес да премине во Манчестер Јунајтед“, изјавил за медиумите извор близок на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…