Со вчерашниот ден заврши преодниот рок во најсилните пет првенства во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој преоден рок како и минатите донесе неколку навистина интересни и звучни трансфери. Најмногу потрошија клубовите од Премиер лигата, скоро две милијарди евра.




Најскапиот трансфер ова лето го направија Антони кој од Ајакс премина во Манчестер Јунајтед за 95 милиони евра, потоа е трансферот на уште еден дефанзивец, Фофана кој Лестер го замени со Челзи.




Реал Мадрид е единствениот не англиски клуб кој се вмеша во најскапите шест трансфери, тие го доведоа Чуамени за 80 милиони е вра.




Зад „кралевите“ следуваат Дарвин Нуњез кој за Ливерпул потпиша за 75. милиони евра, трансферот на Касемиро во Јунајтед за 70.650.000 евра и Александар Исак со трансферот во Њукасл за 70 милиони евра.