Дома Трансфер зона Најлудиот трансфер ова лето: Наместо да игра во Лига на шампиони ја избра втората германска лига!

Најлудиот трансфер ова лето: Наместо да игра во Лига на шампиони ја избра втората германска лига!

Најлудиот трансфер ова лето! Марсел Халстенберг го напушти Лајпциг и замина во Хановер кој игра во втората лига.

Германските медиуми пренесуваат дека Халстенберг самиот побарал да оди во втората лига, иако го чекале натпревари во Бундес лигата и Лигата на шампионите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Марсел има 31 година и игра на позицијата стопер и лев бек. Малкумина веруваа дека трансферот навистина ќе се случи, иако за него се шпекулираше со недели.

Многу сум им благодарен на двата клуба што дозволија трансферот да се реализира. Ова е сè освен лесен чекор за мене. Лајпциг беше моето семејство… Одлуката ја донесов многу свесно. „Сакав да се вратам дома“, рече Халстенберг.

Тој порасна во Хановер, но никогаш не доби шанса да игра за првиот тим, па сега очигледно беше време да се врати дома. За Лајпциг одигра преку 180 натпревари, а клубот одреди симболично обештетување од 700.000 евра.

Како поранешен германски репрезентативец одигра девет натпревари, и преку 150 натпревари во Бундеслигата, односно 28 во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…