Дома Фудбал Останато „Најк“ веќе ја спремил тужбата за Роналдо?

„Најк“ веќе ја спремил тужбата за Роналдо?

ronaldo

Кристиано Роналдо се наоѓа во големи проблеми откако е обвинет за силување кое наводно се случило во Лас Вегас пред девет години.

Кетрин Мајорга испрати тешки обвинувања на сметка на славниот фудбалер. На почетокот се веруваше дека е само „промоција“ и обид на Мајорга преку Роналдо да стигне до јавноста, но како што одминуваат деновите работата станува се посериозна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската полиција ја започна истрагата поради наводното силување од 2009 година, а проблемите за Роналдо доаѓаат еден по еден. Најголем финансиски удар за

Португалецот би бил доколку неговите спонзори се оддалечат од него, нешто што „ЕА Спортс“ делумно го направи. Тие го отстранија Роналдо од своите страници на друштвените мрежи.

Но, јасно е дека најголем удар за Роналдо би било доколку „Најк“ се одлучи да го прекине договорот. Имено, Португалецот е една од трите ѕвезди кои имаат доживотен договор со американската компанија. Тој наводно вреди повеќе од милијарда евра и низ медиумите во САД се пишува дека оваа компанија веќе спремила тужба и го чека исходот од истрагата. Во случај Роналдо да биде прогласен за виновен, таа тужба би се активирала и Португалецот би останал без огромна сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…