Дома Фудбал Англија Најконтроверзните моменти на судијата кој вчера го покажа 100-тиот црвен картон во Премиер лигата (ВИДЕО)

Најконтроверзните моменти на судијата кој вчера го покажа 100-тиот црвен картон во Премиер лигата (ВИДЕО)

Мајк Дин вчера во натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед го покажа својот 100-ти црвен картон во Премиер лигата.

После остриот старт Ешли Јанг заработи исклучување во 57-та минута, Дин му покажа втор жолт, односно црвен картон и така стана првиот судија во Премиер лигата кој покажал 100 црвени картони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дин беше главен судија на 472 натпревари, а неговата кариера ја обележија неколку инциденти од оној кога славеше гол против Тотенхем па до неверојатната реакција кога им пушти предност на играчите на Свонси во натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Во сезоната 2017/2018 Рахим Стерлинг кој веќе имаше жолт картон постигна гол во судиското продолжени и истрча да прослави со навивачите. После ова Дин му покажа втор жолт картон и го исклучи Стерлинг, а публиката на стадионот не можеше да си поверува што гледа.

Фил Џонс во натпревар кој се играше во јануари 2017 година остро стартуваше над играчот на Вест Хем Софијан Фегули, а Дин му покажа црвен картон на Фегули, зошто го направи тоа не му беше на никого јасно.

Во 2015 година на натпреварот помеѓу Арсенал и Челзи Диего Коста со еден груб удар го испрати Габриел Паулиста на под. На играчот на Арсенал тоа не му се допадна и влезе во расправа со Коста, но немаше физички контакт, меѓутоа Дин одлучи да го исклучи Паулиста.

https://www.youtube.com/watch?v=I529CapRcXs

Контроверзен момент имаше и во 2014 година кога го исклучи повредениот голман на Хал, Алан Мекгрегор после дуелот со играчот на Вест Хем. Мекгрегор поради повреда мораше да го напушти теренот, но Дин му покажа и црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…