Дома Македонски спорт Мак фудбал Најдобрата македонска фудбалерка се врати во репрезентацијата!

Најдобрата македонска фудбалерка се врати во репрезентацијата!

Женската репрезенација во фудбал на Македонија во вторник ќе го отвори квалификацискиот циклус со гостувањето во Виена против Австрија, а главна вест пред овој натпревар враќањето на најдобрата македонска фудбалерка во репрезентацијата, Наташа Андонова.

Андонова ова лето направи трансфер од Барселона во Леванте и сега ќе биде предводник на нашата селекција против Австрија и Франција. Освен со овие две селекции не чекаат и натпревари против Казакстан и Србија кои се играат во октомври.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комплетен состав:

ГОЛМАНИ: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Рочи (Ассс Јунајтед), Магдалена Лекоска (СЦ Истатов);

ОДБРАНА: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Драгана Колеска (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Јована Ѓорѓиоска (Деспина Прилеп), Симона Крстаноска (Брезница, Црна Гора), Ане Бошеска (Тиверија);

СРЕДЕН РЕД: Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Јана Чубриновска (Деспина-Прилеп), Катерина Милеска (Деспина-Прилеп), Александра Марковска (Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (Тиверија), Јулија Живиќ (Драгон 2014);

НАПАД: Ели Јаковска (Конакбеледиеспор, Турција), Улза Максути (Асс Јунајтед), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Димоска (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…