Дома Фудбал Англија Најголемото ривалство се уште е живо: „Златната топка“ за Меси, но парите за Роналдо

Најголемото ривалство се уште е живо: „Златната топка“ за Меси, но парите за Роналдо

Лионел Меси ја освои осмата „Златна топка“ во кариерата со што е рекордер, но кога во прашање е заработувачката Кристијано Роналдо во 2023 година е далеку пред него.

Познатиот специјализирна весник за финансиски истражувања „Форба“ ја објави најновата ранг-листа за заработкатан а фудбалерите. Роналдо така е убедливо прв со 260 милиони евра од кои 200 му се од договорот со Ал Наср, а 60 од комерцијалните договори на Португалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси има скоро двојно помала заработка од Роналдо во 2023. Аргентинецот има 75 милиони евра од Интер Мајами и уште 70 од спонзорските договори. Зад Роналдо и Меси на третото место е Бразилецот Нејмар кој е на 112 милиони евра вкупна заработка (80 од Ал Хилал и 32 од спонзорски договори).

Килијан Мбапе кој минатата година беше лидер на листата сега е четврти со 110 милиони евра заработка.

Роналдо во последните 10 години од рангирањето на „Форбс“ бил најплатен шест пати, Мести трипати, а Мбапе само еднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…