Најголемиот фан на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски конечно го доби потребниот лек „спинраза“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Малиот Јане стана вистински симбол за истрајност во борбата со реткото заболување спинална мускулна атрофија. Сега тој го доби по две години конечно го доби лекот „Спинраза“. Јане има 11 години и сонува еден да игра фудбал.
Јане е голем навивач на македонската фудбалска репрезентација и на секој натпревар е присутен на Арената „Тодор Проески“.
Кај нас со болеста на Јане се регистрирани седум пациенти до 18 години со СМ тип 2 и 3. Со овој лек како прва генска терапија се овоможува промена на текот на болеста со одржување и пдобрување на моторната функција, а со тоа и подобар квалитет на живот и продолжување на животниот век.