Дома Топ вести Најава за трансфер на Димитриевски? Рајо потпиша со искусниот Диего Лопез!

Најава за трансфер на Димитриевски? Рајо потпиша со искусниот Диего Лопез!

Шпански Рајо Ваљекано во своите редови го доведе голманот Диего Лопез кој ја чуваше мрежата на Еспањол.

Лопез во Рајо стигна како слободен играч, но овој потег за навивачите е изненадување затоа што Столе Димитриевски одлично го чува голот. Поради тоа веќе се помислува дека ова е најава за трансфер на македонскиот голман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во јануари Димитриевски преговараше со Барселона, се појави и опција за трансфер во Саудиска Арабија во Ал Наср. На крајот остана во Рајо. Во Барселона не се пресели само затоа што Каталонците не успеаа да го продадат Нето кој и сега е на трансфер листа.

По завршувањето на сезоната дел од шпанските медиуми блиску до Рајо пренесуваа дека клубот може да се реши да го продаде Димитриевски ако дојде добра понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…