Дома Фудбал Германија Најава Бундес лига: Последни две кола пред зимската пауза

Најава Бундес лига: Последни две кола пред зимската пауза

Две кола преостанаа до зимската пауза во Бундес лиагат која ќе трае oд 17 декември до 12 јануари. Претпоследното коло е веќе во тек, а 17 коло не очекува овој викенд.

Во 16-то коло го издвојуваме двобојот меѓу Шалке 04 и Аугсбург, кој на програма е вечерва. Шалке под водството на новиот млад тренер, 32 годишниот Доменик Тедеско, многу добро „тера“ во оваа сезона и судејќи по сѐ, се враќа на врвот на германскиот фудбал. Моментално се на позиција која им осигурува место во Лигата на шампионите за идната година. Аугсбург исто има добра сезона, се наоѓа во горниот дел на табелата, чекор до местата кои водат во европските натпреварувања за следната сезона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Исто така вечерва, Баерн го дочекува Келн. По, за нив, нешто послабиот влез во сезоната, баварскиот великан го промени тренерот Италијанскиот експерт Карло Анчелоти е заменет со искусниот Јуп Хејнкес. Типот под негово водство заседна на првото место на табелата и сигурно ќе ја освои есенската титула, и секако, е главен фаворит и за титулата првак на Германија. Од друга страна пак, Келн по одличната мината сезона во која се избори за настап во Европската лига, прикован е за дното на табелата. Така овде имаме два фаворита, едниот да освојување на титулата, а другиот е фаворит да испадне од Бундеслигата.

Во останатите средби од 16 коло вечерва на програмата се Хофенхајм – Штутгарт, Херта – Хановер 96 и Баер – Вердер.

Следното, 17 коло започнува со дербито меѓу Борусија Дортмунд и Хофенхајм. По одличниот влез во сезоната, Борусија се најде во големи проблеми и се повеќе паѓа на табелата. Не успеа да ја пројде групата во Лигата на шампионите и напролет ќе ја продолжи својата авантура во Европската лига.

Во германското првенство се наоѓаат надвор од позициите кои водат во Лигата на шампионите и во Дортмунд со нетрпение ја очекува зимската пауза за да се „ресетира“ тимот и да се вратат на успесите во продолжението на сезоната. Хофенхајм под водство на младиот Јулијан Нагелсман игра солидно и дефинитивно не се лесен противник. Испаднаа од Европската лига и сега во потполност може да се концентрираат на продолжетокот на натпреварувачката сезона и новиот обид за пласман во Лигата на шампионите.

17-то коло во петок на 15 декември го отвораат Борусија (М) и Хамбургер, во сабота, освен Борусија (Д) и Хофенхајм, играат и Келн – Волфсбург, Вердер – Мајнц 05, Ајнтрахт – Шалке 04, Аугсбург – Фрајбург и Штутгарт – Баерн, додека есенскиот дел од шампионатот во недела го затвораат Хановер 96 – Баер и РБ Лајпциг- Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…