Денес беше одржано вонредното собрани на МКФ.
Се гласеше тајно, а на крајот како победник излезе досегашниот претседател на сојузот Петар Наумоски со резултат 16:14 кој го победи Владо Илиевски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По гласењето сосема очекувано Наумоски беше среќен и задоволен, па истакна дека ова било само доказ дека клубовите не сакале негова смена туку било само желба на индивидуи.
„Пред 12 месеци имаше гласење и во тој период не се промени многу за да се бараат промени. Репрезентацијата запиша две победи и немаше никакви проблеми во лигата. На крајот се покажа дека желбата за моја смена беше на одредени личности, а не на клубовите“.
Покрај тоа Наумоски успеа да вметне и точка која беше усвоена и во наредните две години никој не ќе може да бара негова смена.
„Оваа точка беше воведена поради случувањата во последните две години. И се заблагодарувам на Владата за поддршката“, заврши Наумоски.
Ова правило ќе важи и за идните претседатели на МКФ. Наумоски на местото претседател на МКФ седна во 2015 година кога го замени Даниел Димевски.