Дома Останати Направени официјалните мерења: Фјури 19 килограми потежок од Вајлдер (ВИДЕО)

Направени официјалните мерења: Фјури 19 килограми потежок од Вајлдер (ВИДЕО)

Taјсон Фјури и Деонтеј Вајлдер утринава во Лас Вегас го имаа официјалното мерење пред борбата за ВБЦ шампионскиот појас. Борбата е закажана за во 03:00 часот по средноевропско време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фјури очекувано е потежок од Американецот и има 123 килограми, додека Вајлдер на спротивната страна има 104 и 19 е килограми послаб од својот ривал.

Организаторите не сакаа ништо да ризикуваат, па двајцата веа одделени со коридор обезбедување, таква одлука донесе атлетската комисија во Невада.

Фјури во кариерата има 29 победи (20 нокаути), 0 порази и едно реми. Вајлдер пак може да се пофали со 42 победи (41 нокаут) 0 порази и едно реми. Ремито на двајцата е нивната меѓусебна пресметка на 1. декември во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…