Дома Трансфер зона Наполи ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Наполи ја сака норвешката ѕвезда од Генк

Италијанскиот клуб Наполи покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член на белгиски Генк, Сандер Берге.

„Газата дело Спорт“ пренесува дека скаути на Наполи веќе подолго време го следат Берге и клубот е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


21-годишниот играч за врска може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а во Наполи гледаат идеален наследник на Алан, кој е на излезна врата после поселдните случувања во клубот.

Берге е на мета на повеќе европски гиганти, па Наполи сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот уште во јануари.

Италијанските медиуми тврдат дека моменталната цена на играчот изнесува 20 милиони евра, сума која Наполи е спремен да ја плати.

Коментари
  • Милан ја сака норвешката ѕвезда од Генк

    Италијанскиот гигант Милан покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член …
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…