Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.
Грузиецот има 8 гола и 8 асистенции од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите пишуваат дека, англиските гиганти Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи го следат Кварацхелија и сакаат да го донесат во своите редови.
Наполи не сака да го продаде во јануари, но на крајот на сезоната е спремен да го пушти, но само под услов доколку некој од заинтересираните клубови искешира 100.000.000 евра.
Тоа е 10 пати повеќе од сумата која Наполи ја плати ова лето да го доведе Грузиецот.