Дома Фудбал Италија Наполи, Фиорентина, Рома…Се спрема „домино ефект“ со тренерите во Серија А!

Наполи, Фиорентина, Рома…Се спрема „домино ефект“ со тренерите во Серија А!

Наполи, Рома и Фиорентина би можеле да ги променат тренерите, а тоа би можело да доведе и до смена на клупата на Сасуоло.

Од Италија денес стигнуваат интересни вести. Наполи разгледува да ја раскине соработката со Џенаро Гатузо на кого договорот му истекува во јуни, а Де Лаурентис има неколку идеи за негов наследник. Првата е „предавникот“ Маурицио Сари кој минатата сезона го водеше Јувентус, Сари се уште е на платениот список на „старата дама“, но наскоро веројатно ќе прифати некоја понуда. Втората е Рафа Бенитез, уште еден поранешен тренер на Наполи кој е без работа откако ја заврши епизодата во Кина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога во прашање е Рома нивна голема желба е Масимилијано Алегри, но тој е тека мета. Ако римскиот клуб навистина го сака Алегри ќе мора да му спреми богат договор.

Останува Фиорентина која ја чека разврската во Наполи и го мерка Џенаро Гатузо, но во игра е и Де Зерби кој го завршува својот циклус во Сасуоло.

Значи, Рома, Наполи, Сасуоло – Сари, Бенитез, Гатузо, Де Зерби…ќе видиме кој каде ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…