Раководството на Наполи е категорично дека нема да ја намали цената на Калиду Кулибали, кој е трансферна цел на Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Двата клуба очекуваат да падне цената на дефанзивецот поради финансиската криза предизвиката од пандемијата, но Наполи не помислува на такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред неколку дена се појавија имформации дека Манчестер Јунајтед понудил 80 милиони евра за Кулибали, но понудата била одбиена. Наполи не сака да го пушти дефанзивецот за помалку од 100 милиони евра.
Сепак, оваа сума тешко дека ќе ја плати некој клуб, а Наполи може да има проблем бидејќи самиот Кулибали инсистира да ја промени средината ова лето.
Кулибали го известил раководството на Наполи дека сака да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед важи за фаворит за неговиот потпис