Доменико Берарди на крајот на сезоната ќе го напушти Сасуоло, а за неговиот потпис се борат три италијански гиганти.
Берарди игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 12 гола и 14 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој го известил раководството дека сака да го напушти клубот на лето, а Сасуоло за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Милан, Наполи и Рома покажуваат најсилен интерес за Италијанецот и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
📰 CM: #Berardi wants to play for a big team, #ACMilan, #Napoli and #Roma as well as foreign clubs are interested in the player. He is estimated at 30M€. pic.twitter.com/wpje2NUt4s
— Milan Posts (@MilanPosts) March 7, 2022