Македонскиот фудбалер Елиф Елмас во Наполи не добива минутажа каква што јавноста очекува.
Елмас ретко кога е стартер најчесто влегува од клупата во второто полувреме. Од Наполи неодамна порачаа дека Елиф не е на продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Елиф сака да ја заврши сезоната во Наполи, не сака да си замине, а во јуни ќе се сконцентрира на Европското првенство со Македонија, која ќе дебитира“, изјави пред неколку дена менаџерот на македонскиот фудбалер.
Меѓутоа сега Италијанците објавија дека во Неапол пристигнале две понуди за Елмас во износ од 20 милиони евра. Во овој момент имињата на клубовите не се откриваат.
И покрај тоа што порачаа дека Елмас не е на продажба, сепак ситуацијата може и да се промени ако понудата е добра. Со оглед на ситуацијата и загубите од коронавирусот не се исклучува да видиме заминувања овој јануари од Наполи.