Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред трансфер во Лајпциг, откако Наполи ја прифати понудата од 25 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена за „дијамантот“, а станува збор за играчот на Удинезе, Лазар Самарџиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Наплитанците веќе почнале преговори со агентот на Самарџиќ и сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок како замена за Елмас.
Трансферот на Самрџиќ треба да изнесува 20 милиони евра плус бонуси.