Како што пренесуваат англиските медиуми, Њукасл и Вест Хем се заинтересирани за напаѓачот на Гент, Мбвану Самата.
Овој напаѓач од Танзанија минатата сезона блескаше во дресот на белгискиот клуб и со 25 гола беше најдобатр стрелец во лигата и еден од најзаслуѓните за освоената титула.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа сезона постигна шест гола на 13 настапи за Гент, а постигна гол и против Ливерпул на „Енфилд“.
Скаути на многу европски клубови го следат веќе подолго време, а Вест Хем и Њукасл покажуваат најконкретен интерес и се спремни да испратат понуда во јануари.
Се проценува дека понуда од 10 милиони фунти ќе ги задоли апетитите на белгискиот клуб за да го ослободи напаѓачот.