Дома Фудбал Напаѓачот на Интер го провоцираше Јувентус, па ќе добиеше „воспитна“ од својот татко 🎥

Напаѓачот на Интер го провоцираше Јувентус, па ќе добиеше „воспитна“ од својот татко 🎥

Екипата на Интер по вчерашниот натпревар против Лацио го доби заслуженото Скудето. „Нероаѕурите“ беа најдобриот тим во текот на целата сезона и на крајот имаа право да се радуваат на трофејот.

На вчерашната прослава се случи и еден интересен момент во кој во центарот на вниманието беа Маркус Турам и неговиот татко, легендарниот Лилијан Туран.

Имено, во еден момент фудбалерите на Интер испратија провокација кон Јувентус со тоа што скандираа „Кој не скока е Јувентино“…

Во таа провокација се приклучи и младиот напаѓач, но тогаш кога Лилијан забележа што прави неговиот син се обиде да му „подели“ една „воспитна“. Причината секако е затоа што Лилијан е вистинска легенда на Јувентус и голем дел од својата кариера помина во Торино.

Сепак, вчера како горд татко присуствуваше на прославата на неговиот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…