Дома Трансфер зона Напаѓачот на Арсенал заминува бидејќи клубот му го одзема бројот!

Напаѓачот на Арсенал заминува бидејќи клубот му го одзема бројот!

Фудбалерот кој минатата сезона пристигна во Арсенал за сума од 17 милиони евра сака да го напушти клубот од Лондон, поради како што смета тој недоволно почитување.

Имено, агентот на фудбалерот Родриго Фернандес Ловел и фудбалерот се разочарани поради тоа што дресот со број девет кој го носеше Перез му е доделен на Александар Лаказет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Арсенал знае дека сакаме да заминеме, овде Парез нема да добие прилика“, изјави Ловел.

Иначе, агентот потврди дека Перез има понуда од својот поранешен клуб Депортиво Ла Коруња од каде што пристигна во Арсенал.

Покрај тоа Ловел додаде и дека неговиот клиент е тажен и разочаран што управата на Арсенал постапи на таков начин и му го одзема неговиот број без Перез да биде прашан.

„Депортиво минатата недела испрати понуда за траен договор. Перез ми кажа дека сака повеќе да игра. Кога потпиша договор со Арсенал, Лукас беше најсреќната личност на светот сите соништа му беа остварени. Секогаш кога играше прикажуваже добра игра, но потоа се помалку добиваше прилика“, изјави Ловел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…