Дома Фудбал Англија Нани: Кај Фергусон можеше да дојдеш и пијан на ногодишниот тренинг

Нани: Кај Фергусон можеше да дојдеш и пијан на ногодишниот тренинг

Поранешниот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Луис Нани зборуваше за некои интересни детали од неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нани во овој момент настапува за екипата на Орландо, а по повод новогодишните празници се потсети на делот од кариерата кој го помина на „Олд Трафорд“.

Португалецот откри дека Фергусон не го интересирало дали неговите играчи дали се пијани кога имаат слободен ден.

„Никогаш не сум имал проблем со Фергусон. Излегував навечер доколку утре имав слбоден ден. Тогаш ни беше дозволено да лудуваме или пак на празниците како што се Нова година или Божиќ. На новогодишниот тренинг можеше да бидеше и пијан, Ферги не го интересираше тоа. Навистина добро знаеше како да работи со играчите“, изјави Нани.

Фергусон имал и објаснување.

„Тоа се посебни прилики, не можам да им приговорам за тие моменти на играчите“, ги пренесува Нани зборовите на Фергусон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…