Дома Останати Надал супериорно до нова титула на Ролан Гарос

Надал супериорно до нова титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал стигна од 13-та титула на Ролан Гарос откако во финалето супериорно го победи Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот уште еднаш покажа дека е непобедлив во Париз и фуриозно го започна мечот, па на големо изненадување не му дозволи на Ѓоковиќ да земе ниту еден гем.

Во вториот сет Надал повторно беше супериорен и брзо направи брејк, Ѓоковиќ не можеше да му парира и го загуби и вториот сет со 6:2.

Најголем отпор Србинот пружи во третиот сет кога се играше израмнето се до 5:5, тогаш Надал направо брејк, кој потоа само го одбрани за 7:5 и уште една победа на Ролан Гарос.

Ова за Надал е 13-та титула на Ролан Гарос и вкупно 20-та Грен слем титула со која се израмни со Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го следи неверојатна традиција, ако се повтори и сега – ќе го освои Вимблдон!

По поразот во раната фаза на Ролан Гарос, каде што во третото коло беше изненаден од млади…