Дома Останати Тенис Надал се после четири часа борба до полуфинале, Шаповалов го нарече судијата – корумпиран!

Надал се после четири часа борба до полуфинале, Шаповалов го нарече судијата – корумпиран!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако го совлада Денис Шаповалов со 3:2 (6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После повеќе од четири часа борба Надал успеа да дојде до топ четири на турнирот. Немаше лесна задача, иако се беше на негова страна во првите два часа борба. Во тој период Шпанецот освои два сета и имаше предност од 2:0, но потоа Шаповалов успеа да се врати.

Во меѓувреме на крајот на првиот сет се правеше голема пауза меѓу гемовите поради проблеми со абдоменот на Надал, Шаповалов покажа револт измеѓу првиот и вториот сет. Повеќе пати му порачуваше на судијата да го предупреди Шпанецот, но Карлос Бернардес тоа не го направи, на што Шаповалов бесно му одговори декае е корумпиран како и сите други.

Успеа да се врати во продолжение со освоени два сета и го израмни резултатот. Сепак, бекхендот не го служеше во финишот и Надал тоа знаеше да како да го искористи.

Така Надал се пласираше во полуфиналето каде што ќе игра против подобриот од дуелот Беретини – Монфис. Ќе потсетиме Надал се бори да го освои рекордниот 21-ви гренслем во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…