Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на јавно обраќање ги откри своите планови за настап на Вимблдон.
Тенисерот моментално се наоѓа во родната Мајорка, каде на прес-конференција зборувшае со новинарите. За оваа прес-конференција и тоа како имаше интерес затоа што не беше познато дали Шпанецот ќе настапи на Вимблдон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надал потврди дека после три години ќе настапи на овој турнир.
„Ќе играм на Вимблдон. По тригодишна пауза повторно ќе играм таму, поради тоа сум многу возбуден. Не знам што би можело да се случи во следните неколку дена за да се случи да не настапам. Претпазлив сум и верувам дека се ќе биде во ред и дека ќе се борам за трофејот на Вимблдон“, изјави Надал, а потоа продолжи:
Надал потврди и дека бил во Барселона каде што му помогнале да му се намали болката во зглобовите, иако додаде дека се уште не е 100% спремен.