Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал, по двомесечна пауза ќе се врати на теренот. Надал прво се опоравуваше од повреда, а потоа стана и татко.
Освојувачот на рекордни 22 Грен слем титули потврди дека ќе се врати на 31 октомври на АТП Мастерс 1000 серијата во Париз, еден од ретките турнири што никогаш не ги освоил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на сезоната ќе одигра уште еден турнир, на кој исто така никогаш не славел, а тоа е Завршниот Мастерс во Торино.
Надал годинава ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, а моментално е на второто место на АТП листата, зад сонародникот Карлос Алкараз.