Дома Тенис Надал почна да тренира, ќе игра во Мелбурн

Надал почна да тренира, ќе игра во Мелбурн

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал тренираше во својата академија, откако по 10 дена излезе од карантин.

Надал по турнирот во Абу Даби дозна дека е заразен со Kовид, а сега се врати и на терен, па шпанските медиуми најавија дека ќе игра во Австралија.

Тој ги извести организаторите на подготвителниот турнир од АТП серијата 250 во Мелбурн дека ќе игра како што претходно планирал.

Првиот Грен слем во сезоната Австралијан опен е закажан од 17 јануари и наскоро се очекува официјално потврда дека Надал ќе настапува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…