Дома Останати Надал: Ова се случува само на Вимблдон и не е во ред!

Надал: Ова се случува само на Вимблдон и не е во ред!

Шпанскиот тенисер, Рафа Надал јавно се побуни и истакна дека не е во ред што само на Вимблдон постојат други критериуми за одредување на носителите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вимблдон има посебна формула, која во предвид ги зема најмногу резултатите на трева во последните две години, а поради тоа Надал сега ќе биде трет носител зад Роџер Федерер и покрај тоа што е пред него на АТП-листата.

Тоа има сериозни последици по Надал, зашто сега тој има шанса во полуфинале, доколку се пласира, да се соочи со Ѓоковиќ или со Федерер, а четврти носител е Кевин Андерсон.

„Мислам дека не е во ред Вимблдон да биде единствениот турнир кој има сопствен систем на одредување на носителите. Тоа не е вообичаено и поради тоа можат да прават што сакаат. Но, без разлика на тоа, не ми е грижа дали сум втор или трет носител, морам да играм на највисоко ниво доколку сакам да ја освојам титулата“, истакна Надал.

„Проблемот не е до мене, повеќе сум револтиран поради останатите тенисери. Луѓето од Вимблдон не го почитуваат тоа што тенисерите го работат во текот на целата сезона. Треба да се гледаат резултатите од последните 12 или 24 месеци но без разлика на која подлога се игра“, заклучи Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…