Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ на освоената, рекордна, десетта титула на Австралија Опен.
Србинот и Шпанецот имаат две титули повеќе од Роџер Федерер кој се пензионираше, а Надал на Инстаграм му честиташе на големиот ривал Ѓоковиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Неверојатен успех Ноле. Искрени честитки до тебе и целиот твој тим. Апсолутно заслужено, уживај“, напиша Надал на Инстаграм.
Ѓоковиќ со триумфот во Мелбурн ја освои својата 22-та Грен слем и го израмни рекордот на Надал, а од денеска се врати на чело на АТП ранг-листата.