Дома Останати Тенис Надал: Можеби и не разбирам зошто имам ритуали, но тоа функционира и ми помага

Надал: Можеби и не разбирам зошто имам ритуали, но тоа функционира и ми помага

Шпанецот Рафаел Надал во финалето на Австралијан опен, по негатива од 0-2 во сетови, го совлада Данил Медведев за да стигне до 21. гренслем-трофеј во кариерата.

Освојувачот на турнирот во Мелбурн зборуваше за неговите проблеми со навиките во исхраната, но и неговите ритуали на тениските терени.

„Како минува времето, така мора да ги регулирате работите со исхраната. Исто така, секој мора да најде начин како да се сконцентрира. Нема посебна формула. Тоа ви го кажува некој кој има многу ритуали. Би сакал да ги немам, но не го кријам тоа. Јас тоа го правам и можеби не разбирам зошто, но функционира и ми помага“, вели Надал.

Надал кажа дека не сака во ништо да претерува.

„Не сум опсесивна личност. Единствена работа која ја одржувам е интензитетот на работа. Кога тренирам, вообичаено давам сè од себе“, кажа Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…