Дома Останати Тенис Надал лесно до нова победа на Австралија Опен – запиша и јубилеј

Надал лесно до нова победа на Австралија Опен – запиша и јубилеј

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на АО откако го порази Алекс Де Минаур со лесни 3-0 во сетови.

Надал за противник го имаше 19-годишниот Австралијанец кој до сега игрше доста добро на турнирот, но беше немоќен против вториот рекет во светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот на стартот од мечот направи брејк и покажа кој ќе го има главниот збор на овој меч, а првиот сет го доби до 6-1. Другите два сета ги доби со 6-2 и 6-4.

За Надал ова беше 250-та победа на Грен слем турнирите.

Инаку, Надал во четвртото коло ќе игра против Чехот Томас Бердих, кој нешто порано денес го совлада Диего Пвартсман со 3-1 во сетови.

Освен Надал и Бердих до сега од денешната програма понатаму поминаа Тситсипас, Федерер, Димитров, Тиафое и Роберто Баутиста-Агут.ќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хит момент: Реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ по петти пат беше прогласен за најдобар во светот 🎥

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спо…