Дома Останати Тенис Надал: Имам повреда на стапалото за која нема лек

Надал: Имам повреда на стапалото за која нема лек

Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал зборуваше за неговата болест која го мачи во последните години и му прави големи проблеми.

Новинарите во Мадрид забележаа болни гримаси на неговото лице во текот на мечот со Давид Гофан, па ги интересираше во каква состојба е неговото стапало.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Чувствувам болки во стапалото, посебно по играње на тричасовен меч или долг тренинг. Имам повреда на стапалото за која нема лек. Тоа е дел од мојот живот и негативната страна“, вели Надал.

Шпанецот ја почуствувал болката во стапалото во далечната 2005 година, кога беше откриено дека има ретка Милер-Вајсова болест, која се појавува на средниот и задниот дел од стапалото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Вчера спортската јавност беше изненадена со објавата дека Новак Ѓоковиќ ја прекинува сораб…