Дома Останати Надал за враќањето на тенисот: Песимист сум!

Надал за враќањето на тенисот: Песимист сум!

Еден од најтрофејните тенисери во историјата, Рафаел Надал не е голем оптимист во однос на враќањето на тенисот после пандемијата со коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Професионалниот тенис е суспендиран најрано до крајот на јули, а Шпанецот изјави дека сериозни проблеми стојат на патот на продолжување.

„Од моја гледна точка, јас сум многу песимист дека може да се продолжи со нормална активност. Во тенисот, треба да патувате секоја недела, да престојувате во хотели, да одите во различни земји“.

„Дури и ако играме без публика, за да организирате настан ви требаат многу луѓе, што не може да се игнорира. На меѓународно ниво, гледам сериозен проблем“, истакна Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ждреб за Вимблдон: Еве кога може да се сретнат Ѓоковиќ и Синер.

Новак Ѓоковиќ на отварањето на Вимблдон ќе игра со кинескиот тенисер Ву Жибинг, додека Јан…